бакелит | м.
Вид пластична маса, вештачка смола што служи за изработка на изолатори, копчиња, кутии и др. Кутија од бакелит.
бакелитен | прид.
Што е направено од бакелит. Бакелитна кутија.
бакенбарди | и.
Брада од двете страни на лицето, додека средниот дел е избричен. Господин со бакенбарди.
бакла 1 | ж.
Градинарско растение со бели цветови и плод од зрна покрупни од грав; Viciafaba. За готвење се користи недозреаното зрно од зелените мешунки од баклата. Баклата се бере во мај.
бакла 2 | ж.
Мал дрвен сад со рамна површина во кој се става вино или ракија; буклија, матарка. Две бакли вино.
баклава | ж.
Ориентална пита од тенки кори со мелени ореви, по печењето прелиена со шербет. Донесоа тепсија со баклава. Суче кори за баклава.
баклавар | м.
Лице што прави и продава баклава; слаткар. И баклавар и тулумбар, слаткар е.
баклица | ж.
Метален сад за вода, што обично се користи во војска; матарка. Баклица со вода.
бакне | св.
Даде бакнеж некому во знак на љубов, почит; баци, целива. Го бакне на разделување. Ја бакна старски, во челото. Му бакна рака. Го бакна крстот.
бакнеж | м.
Допир, доближување на усните во знак на љубов, пријателство, почит кон некого или кон нешто. Долг бакнеж. Бакнеж в чело. Илјада бакнежи. Врел бакнеж.