Бандар Сери Бегаван | м.

Главен град на Брунеи.

бандаџија | м.

Член на музичка банда, музикант.

бандера | ж.

Столб за електрична, телеграфска и друга инсталација. Улична бандера. Телефонска бандера.

бандерола | ж.

Лента од хартија со царински или даночен жиг; се обвива околу предметите што биле подложени на царинење.

бандит | м.

Разбојник, друмски разбојник, арамија. Бандити од ридиштата ги напаѓале градовите и селата.

бандитизам | м.

Организирано разбојништво. Бандитизмот претставува обична, најдиректна, најнесокриена кражба.

бандори | несв.

Брбори, дрдори. Бандореше и бандореше, та се начудував како устата уште не му фатила павлака.

баник | м.

Вид сукано тесто, обично со сирење или без фил во корите; колпите.

баница 1 | ж.

Вид сукано тесто; пита. Останаа старите жени да им прават зелници и баници.