банство | ср.

Власт и достоинство на бан. Тој го застапуваше банството.

банува | несв.

Управува со бановина. Долго време банува со оваа област.

банчин | прид.

Банџул | м.

Главен град на Гамбија.

бап! | изв.

За подражавање звук (обично ненадеен) што се слуша при брз пад на нешто или при удар со тап предмет. Скокна од крушата и на земјата направи ‒ бап!

бапка | несв.

Удира некого со нешто. Го бапка затвореникот со тупаници. Го бапка во грбот.

бапка | ж.

Гуша. Пчелата има и една мала бапка, ќесе за собирање на нектарот. Мравите матицата ја хранат од содржината на бапката.

бапне | св.

Падне со тресок, тресне; грубо удри со тресок. Бапна наземи шишенцето. Главечки бапна од колата.

бапски | прид.

Што припаѓа, што се однесува на баба. Не плаши се од бапски јуриш нити од старска клетва. Тоа се бапски приказни.