барометар | м.

Направа за мерење на воздушниот притисок; со извесно приспособување може да ја мери и надморската височина.

барон | м.

Благородничка титула пониска по ранг од грофовската. Им се додворуваа на своите барони, новите господари.

бароница | ж.

Жена или ќерка на барон. Тој е љубовник на бароницата.

баронство | ср.

Феудален посед на барон. Тој доби баронство во оваа област.

барочен | прид.

Барселона | ж.

Град во областа Каталонија, Шпанија.

барут | м.

Експлозивна материја за полнење муниција за огнено оружје. Беа тоа едни фишеци, полни со црн барут. Загинаа без зрно барут.

барутана | ж.

Зграда во која се чува барут и друг експлозивен материјал. Ја отворија барутаната.