батенце | ср.
Каде е сега мајчето Минадора да ти помогне, батенце?
батерија | ж.
(елек.) Спој на неколку галвански елементи или на акумулатори заради добивање на поголема електромоторна сила или на поголема јачина на струјата.
батиса | св.
Потоне, пропадне, упадне. Последниот камион батисал во глибавото мочуриште.
батист | м.
Вид многу фино и густо ткаено платно. Фустан од батист. Марамче од батист.
батистен | прид.
Тоа што е од батист. Облече фина батистена кошула. Во торбичето ги пакуваше батистените шамичиња.
батка | несв.
Дрдори, пљампа.
батка | м.
Вок. од брат. Батка, дај една цигара!
батко | м.
Дома ли е батко ти Мирче, моме?
бато | м.
Бато е поголем од мене и тој ми помага многу во учењето.
батрдиса | св.
Упропасти. Го батрдисаа човекот.