катализа | ж.
Забрзување или успорување на хемиската реакција под дејство на катализатор.
катализатор | м.
(хем.) Материја, супстанција што ја забрзува или успорува хемиската реакција, а при тоа останува непроменета.
каталитички | прид.
Што се однесува на катализа, што дејствува како катализатор. Каталитички особини.
каталог | м.
Список на предмети (обично со податоци за нив), составен на определен начин, што го олеснува нивното пребарување; индекс, регистар. Каталог на стари ракописи.
каталогизација | ж.
Систематско внесување во каталог на одредени податоци.
каталогизира | св. и несв.
Внесе, внесува во каталог.
Каталонија | ж.
Област во Шпанија.
катана | ж.
Крупен коњ.
катанец | м.
Вид брава, подвижна метална направа за заклучување врата. На железните алки од вратата висеше 'рѓосан катанец.
катани се | несв.
Талка, оди без цел, скита.