бау! | изв.
За подражавање истрел и сл.
бау-бау! | изв.
За плашење на децата.
бауч | м.
Замислено зло суштество кое влева страв, страшило (според народното верување). Му се чини дека сум некој огромен бауч до небо.
Бафинова Земја | ж.
Бафинов Остров | м.
Остров во Арктичкиот Архипелаг.
Бахама | ж.
Островска држава во Карипското Море, Средна Америка.
Бахами | и.
баханалија | ж.
Повеќедневни свечености и оргии во чест на Бах, богот на виното.
Бахреин | м.
Островска држава во Персискиот Залив.
баца се | несв.
Се валка, се бербати.