качкет | м.

Вид шапка со стреа, козирка. Дедо ѝ секогаш имаше качкет на главата.

качор | м.

Заб што е израснат настрана, криво.

качорлив | прид.

Што се однесува на качор. Качорливи заби.

качулка | ж.

Вид капа, пришиена или закачена за јаката на облеката. Момчето носеше ветровка со качулка.

качунка | ж.

Рано пролетно цвеќе, со бели, жолти или сино-виолетови цветови во вид на ѕвонче; Crocus neapolitanus. Од влажната земја плашливо подѕирнуваа качунките.

каша | ж.

а) Јадење придготвено од сварено брашно со вода или млеко. Каша од пченкарно брашно. Овесна каша. Јадеа пиле со каша. б) Густа смеса добиена од сомелено овошје, зеленчук.

кашав | прид.

Што е како каша. Калта беше кашава од обилните есенски дождови.

кашави се | несв.

Станува како каша, се размекнува. Снегот се кашави под опинците.

кашар | м.

Тој што многу сака каша, љубител на каша.

кашарок | м.

Вид каша.