башмајстор | м.
Најдобар, главен мајстор.
башместо | ср.
Најдобро место. На башместо во рајот ќе те кладат.
башпријател | м.
Најдобар пријател. Ми дојде на гости башпријателот.
баштина | ж.
Целокупното наследство на зачуваното богатство од минатото. Се собира и обогатува културната баштина на минатите генерации.
башчауш | м.
Подофицер во отоманската војска. Башчаушот на заптиите беше страв и трепет за нарушителите на внатрешниот ред.
башчорбаџија | м.
Прв чорбаџија.
бај 1 | м.
Чичко. Бај Петре.
бај 2 | изв.
За довикување овци. Бај, ба-ај!
бај 3 | изв.
Поздрав. Бај-бај!
бајалдиса | св.
Снеможе. Кобилата бајалдиса.