кломбе | ср.

Вид крупен бел грав.

кломпа | ж.

Дрвен чевел; вид обувки со дрвен ѓон.

клон | м.

Гранка, дел од голема културна, стопанска или друга установа; филијала. Македонското читалиште во Солун подоцна требаше да прерасне во централно друштво со клонови во поважните места во Македонија. Треба да се отвори нова банка со клонови во поголемите градови.

клони | несв.

Е насочен, се движи во некаков правец. Сонцето веќе клонеше кон запад.

клонѝра | св. и несв.

Создаде, создава група генетски идентични организми од една единка по бесполов пат.

клопа | несв.

Удира, испушта клопот. Чекмеџето клопаше од ударите.

клопак | м.

Голем клопец.