клопец | м.

Ја намота преѓата во клопец.

клопне | св.

Удри, испушти клопот. Откако зад него клопна вратата, се огледа околу себе.

клопот | м.

Звук (обично тап и едноличен) што се добива при удирање на еден предмет од друг, при работа на некои машини и сл.; клопање.

клопотавица | ж.

Клопот, клопање.

клопотарец | м.

Вид ѕвонец од лим со карактеристичен звук што му се врзува на добитокот околу вратот. Угичот на вратот носел голем клопотарец.

клопоти | несв.

Произведува, испушта клопот, удира; клопа Возот клопотеше по шините.

клопотка | несв.

Клопоти во помала мера.