клопче | ср.

Конец, предено и сл. намотано во топчеста форма. Клопче преѓа. Клопче волна. Мало клопче конец за везење.

клопчест | прид.

Што е со форма на клопче, што личи на клопче.

клоска | несв.

Тешко трча.

клоца | ж.

Удар, кошкање со нога. Го кутна на земјата удирајќи го со клоци. Му удри една клоца.

клоца | несв.

За животно – удира со нога, со копито. Овој коњ многу клоца. Маската го клоцаше магарето со задните нозе.

клоцне | св.

За животно – удри со нога, со копито. Кравата го клоцна котлето и го истури млекото.

клошар | м.

Бездомник, скитник. Под мостот спиеше еден клошар.

клошка | несв.