кота | ж.
(геогр.) Точка на надморска височина означена со бројка на географска карта.
котангенс | м.
Тригонометриска функција што значи однос меѓу налегнатата и спротивната катета во правоаголен триаголник; реципрочна вредност од тангенс.
котар | м.
Оградено место за стоката; трло. Направи котар за добитокот.
котара | ж.
котарџија | м.
Тој што го чува добитокот. Котарџијата подвикнуваше по овците.
котва | ж.
Железно орудие со свиткани краци што се спушта со синџир на дното за да го држи бродот на одредено место; сидро.
коте | ср.
Маче – само во изразот: Нема ни дете, ни коте – нема никој, сам е на светот.
котел | м.
Голем метален сад за готвење или за греење вода со тркалезен облик, со широко дно и рачка одозгора за закачување. Виси котелот над огништето.
котелец | м.
Јамка при плетење и јамка на плетен предмет. Се испуштил котелец од фанелата. Го заплете првиот котелец.
котерија | ж.
Тесно поврзан круг луѓе (обично од иста професија) што се изделува со своето однесување и дејствување во развиеното граѓанско општество, наложувајќи ги своите интереси; клика.