костреши се | несв.

За животни, птици – подига тело, влакна, пердуви. Перјата му се кострешеа.

кострушина | ж.

Кожа од некои животни со остри влакна.

костум | м.

Дводелна машка облека, составена од кусо палто и панталони од иста ткаенина. Свадбен костум. Волнен костум.

костур | м.

Сите коски заедно, коскената конструкција на човечко или на животинско тело; скелет.

Костур | м.

Град во Егејска Македонија, Грција.

костурест | прид.

Што е како костур. Костуресто тело.

костурница | ж.

Место или зграда каде што се чуваат коските на многу луѓе загинати во војна, при геноцид и сл. Положија цвеќе на костурницата на паднатите борци.

кот | изв.

За примамување, за вабење домашни птици. Кот, кот пилиња!

кот | м.

Тоа што се окотува од животните; животински пород. Кучешки кот.