кружи | несв.

Се движи (оди, лета) во кружна или слична линија околу нешто. Околу пламенот кружеа мушички и ноќни пеперутки. Над бојното поле кружеа авиони.

кружница | ж.

Затворена крива црта чиишто точки се подеднакво оддалечени од средината (центарот). Нацртај кружница со радиус од 5 см.

кружок | м.

Група луѓе поврзани меѓу себе со некаква врска (најчесто општествена). Лингвистички кружок. Литературен кружок. Научен кружок.

круна | м.

Златен венец или вид капа со скапоцени украси за монарх како симбол на власт и на достоинство. Кралска круна. Царска круна.

крунест | прид.

Што има форма, облик на круна.

круниса | св.

Стави круна на глава при стапување на престол како симбол на владетелска моќ. Го крунисаа за крал.

круп | м.

Заразна болест на грлото. Неговиот син умрел од круп.

крупен | прид.

Што има голем обем; што има големи димензии. Тој е крупен човек. Крупен компир.

крупнина | ж.

Големина. Крупнината на зрното.