бекчија | м.
бел | прид.
Што има боја на снег, на млеко и сл.; спрот. црн. Бел гулаб. Бел коњ. Бел цвет. Бели лебеди. Бел мермер. Бело платно.
Беласица | ж.
Планина во Македонија.
белач | м.
Тој што бели, варосува; молер.
белвица | ж.
Вид ситна слатководна риба со бели, седефести крлушки; Samothymus ohridanus.
белвичар | м.
Вид рибарска мрежа за ловење белвици.
Белгија | ж.
Држава во Европа.
Белград | м.
Главен град на Србија.
белевче | ср.
Дем. од белешка 2.
белег | м.
Природен или вештачки знак за распознавање. Покусата нога била само белег. На овците им ставаа белег на десното уво.