белегзија | ж.
белегија | ж.
белее | несв.
Обелува, губи од интензитетот на својата боја. Облеката белее на сонце. Од често перење алиштата белеат.
бележан | прид.
Обележен, означен. Бележан пат. Евреите се движеа бележани.
бележи | св. и несв.
Става белег, ознака. Јагнињата ги бележат на Благовец. Говедата ги бележеа со усвитено железо. Тој го бележеше просторот до шумата.
бележит | прид.
Значаен, познат, изразит. Тој е бележит претставник на четвртата генерација повоени поети. Тој е најбележитиот ученик на солунските браќа. Бележита е неговата активност на научен план.
бележник | м.
Тетратка за белешки; нотес. Во рака носеше бележник и прирачен магнетофон. Бележникот му е исполнет со податоци за убиецот. Масата беше покриена со подвиткани бележници.
белезица | ж.
Накит за на раце, гривна. Тој од џебот извади златна белезица. На панаѓурите се продаваа белезици од модар каучук.
белезија | ж.
беленка | ж.
Бел знак, белег. По нивите имаше камени беленки. Тој ораше до беленките.