лупешка | ж.

Надворешна обвивка, кора на плод, семе, јајце и др. Лупешки од лубеници.

лупи | несв.

Одвои, симне кора од плод, од овошје, зеленчук итн. Лупи јаболко. Лупи компири. Лупеше црвени јајца.

лупинг | м.

Во воздухопловството ‒ акробатска фигура што ја изведува пилотот правејќи со авионот затворена кружна линија при вертикален лет.

лупка | несв.

Удира, тропа по малку. Лупка со играчката по подот.

лупне | св.

Лусака | ж.

Главен град на Замбија.

лусне | св.

Во клетва ‒ да се случи некому нешто лошо. Да луснеш. Нека луснат тие лошотии.

лустер | м.

Украсна светилка со една или повеќе светилки, што виси закачена на таван. Избриши го лустерот. На таванот светеше раскошен лустер. Стаклен лустер.

лустро | ср.

Лак, сјај.

лустроса | св.

Лакира.