лут | прид.

Силно гневен, раздразнет, налутен. Си идел дома лут. Лут е на брат му.

лута | несв.

Оди без цел, скита. Лута по улиците на градот. Лутаа сами во ноќта.

лутеница | ж.

Вид зимница од печен сечкан пипер, варени домати, лук и магдонос и цели лути пиперчиња.

лутеран | м.

Приврзаник на учењето на Мартин Лутер, основачот на германската реформистичка, протестантска црква.

лутеранство | ср.

Протестантска вероисповед.

лути 1 | несв.

Пржи, гори, пали (на јазик, на кожа, на очи). Пиперките што ги лупев денес лутат. Од овој кромид очите многу ми лутат.

лути 2 | несв.

Прави некого лут; предизвикува кај некого лутина, гнев, бес. Го лути уличната врева. Недисциплината најмногу го лутеше наставникот.

лутина | ж.

Лут вкус. Се закашла од лутината на пиперките. Го изгоре лутината на ракијата.

лутица | ж.

Општ назив за отровна змија.

лутиче | ж.

Билка со златножолт цвет што расне по влажни места, ливади и пасишта; Ranunculus.