месест | прид.
Што има месо, што содржи месо; полн, дебел. Месести образи. Месести раце.
месец | м.
Секој од дванаесетте делови на кои е поделена годината. Март е третиот месец од годината.
месечар | м.
Тој што страда од месечарство; сомнабул.
месечарка | ж.
месечар.
месечарство | зам.
Несвесно станување и шетање за време на спиењето; сомнабули
месечен | прид.
Што се однесува на месец; што се случува секој месец. Плаќаме месечна кирија. Месечно списание.
месечина | ж.
(астр.) Небеско тело, сателит на планета.
Месечина | ж.
Небеско тело што се наоѓа најблиску до Земјата и е нејзин природен сателит.
Месечко | м.
месечник | м.
Периодично списание што излегува секој месец.