меси | несв.

Подготвува тесто од брашно, вода и др. со гмечење. Меси леб. Меси пита. Меси колачи.

месија | м.

(рел.) Спасител испратен од Господ.

месијанизам | м.

Верување во некои религии дека ќе дојде Месија испратен од Бог и ќе ги спаси луѓето.

месинг | м.

Легура од бакар и цинк.

месингов | прид.

Што е направен од месинг. Месингови садови.

меслест | прид.

месници | и.

Времето од Божиќ до сирната недела, пред велигденскиот пост, кога се јаде месо.

месност | ж.

Место, населба, предел, крај. Месноста беше густо населена.

месо | ср.

Мускулно ткиво на човек или животно што ги покрива коските.

месојад | м.

Животно што се храни со месо од други животни