месојаден | прид.

Што јаде месо. Месојадно животно.

Месопотамија | ж.

Област во Ирак, меѓу реките Тигар и Еуфрат.

Места | ж.

Река во Бугарија и Грција.

местен | прид.

Што се однесува на одредено место, населба, крај. Месно училиште.

мести | несв.

Средува, доведува во ред, става на соодветно место. Жената ги местеше креветите. Девојчето ја местеше собата.

место | предл.

Покажува дека нешто се заменува со нешто друго. Поканата ја примил брат му место него. Често го клеветеа Боро место братотблизнак Бранко.

место | ср.

а) Дел од просторот што може да се искористи за сместување некого или нешто. Мебелот ми зафаќа многу место во станот. Направете ми малку место за да поминам! б) Простор на којшто се случило нешто или се случува. Место на несреќата. Стражарско место. в) Одреден дел од просторот што некој може или треба да го заземе; седиште. Фатив две места во автобусот.

местоположба | ж.

Географска поставеност, положба на некое место во однос на непосредната околина. Македонија има централна местоположба на Балканот.

метаболизам | м.

Процес на размена на материите во организмот.