блазиран | прид.

Што е заситен од сите задоволства, рамнодушен на сè. Блазирана девојка. Блазирани млади луѓе.

блазни | несв.

бламажа | ж.

Срамота. Каква бламажа поради пијанењето!

бламира | св. и несв.

Осрамоти, осрамотува некого, предизвика, предизвикува чувство на срам. Некои деца ги бламираат родителите. Мажот ја бламираше жената пред гостите.

бланкет | м.

Формулар, образец за разни потреби. Еден бланкет за уплата. Купи два бланкета за пријавување испити!

бланко | прид.

Неиспишан, непополнет (обично во изрази: бланко-кредит, бланко-меница, бланко-потпис).

блантав | прид.

бланш | м.

Козметичко средство за белење коса.

бланшира | св. и несв.

Обели, обелува; кратко проврие, проврива, попари, попарува. Домаќинката најпрвин ја бланшираше боранијата.

бласфемија | ж.

Богохулство, хулење.