благун | м.
Вид даб што има благи лисја или благи желади; Quercus sessiliflora.
благунов | прид.
Што е од благун. Благунов желад. Благунова фиданка. благуново дрво.
благуњав | прид.
блада | несв.
Изговара нејасни зборови, зборува неразбирливо (обично во состојба на сон или бунило). Детето се плаши во сонот и постојано блада. Братчето беше во бунило, бладаше некои весели зборчиња. Бладаш, ништо не те разбирам.
блажен | прид.
Што е исполнет со чувство на голема среќа, на големо задоволство; што изразува чувство на среќа, радост, блаженство. Блажен живот. Блажена насмевка. Блажено спокојство.
блаженство | ср.
Состојба на голема радост, среќа. Блаженството е ретка привилегија. Блаженство ми се разлева низ душата.
блажи | несв.
Има благ, сладок вкус. Шеќерот и медот блажат.
блажина | ж.
Својство на благ, сладок. Усти полни блажина. Ја вкуси блажината на лубениците.
блажникав | прид.
Сладникав, со не многу сладок вкус. Децата ги полнеа устите со сладникави капинки.
блазе | изв.
Набожност.