блика | несв.

Тече, истекува, се разлева силно, во големо количество. Меѓу камењата блика чиста вода.Од носот му бликаше крв.

бликне | св.

Шурне; потече силно, изобилно. Од челото му бликна крв и му го облеа лицето. На жената ѝ бликнаа солзи. Бликнаа солзи ко немирни води.

блиндира | св. и несв.

Заштити, заштитува со челичен оклоп (обично автомобил, воз, врата и сл.).

блиндиран | прид.

Што е заштитен со челичен оклоп. Блиндиран воз. Блиндирана кола. Блиндирани возила.

блинкер | м.

Вештачки мамец, направен од метал или од друг материјал што служи за ловење риби, обично во спортскиот риболов. Рибата го скина конецот сосе блинкерот. Некои рибари се враќаа со блинкери в раце, а торбите им беа празни.

блиска | несв.

Се излева силно. Крвта блиска како бразда.

Блиски Исток | м.

Географски регион во Азија, ги опфаќа државите од Источен Медитеран, Арабискиот Полуостров, како и Иран и Ирак.

блискот | м.

Излив на течност од нешто. Чашата падна со блискот вино.

блискотен | прид.

Што е со блискот, што блиска. Таа во безброј водопади се прелива блискотна.

блисне | св.

Истури, излее одеднаш. Ја грабнува чашата ракија и целата в уста ја истури, речиси ја блисна.