објаснение | ср.
Разјаснување, толкување на нешто за да стане појасно. Секој збор е проследен со кратко објаснение. Тој не ги прифати нивните објасненија.
објасни | св.
Протолкува, разјасни нешто. Попот се обиде да ни објасни дека душата на умрениот ќе оди во рајот. Ќе ви објаснам како треба да се ракува со апаратот.
објаснив | прид.
Што може да се објасни. Објаснива постапка.
објаснител | м.
објаснителен | прид.
Што содржи објаснување, што служи за објаснување на нешто. Објаснителен текст. Објаснителни белешки.
објаснување | ср.
Глаголска именка од објасни.
објаснувач | м.
Тој што објаснува нешто, што дава некакво објаснување. Тој е добар објаснувач на математички задачи.
објаснувачки | прид.
Објаснувачки зборови.
објект | м.
Нешто (предмет, појава, факт) кон кое е насочено човековото внимание или дејност. Објект на внимание. Објект на проучување.
објектив | м.
Дел од оптички апарат составен од една или повеќе леќи и насочен кон предметот што се набљудува. Објектив на микроскоп. Објектив на камера.