обланда | ж.

Вид тенка печена кора од тесто без квасец за правење разни колачи. Обландите ги покри со водена крпа за да омекнат.

област | ж.

Крај, подрачје, територија што претставува поголема целина изделена од целокупната географска средина во однос на релјефот, климата, хидрографијата и сл. Поларна област. Тропски области.

областен | прид.

Што се однесува на област. Областен комитет. Обласна управа. Обласни карактеристики.

облачен | прид.

За небо – што е покриено со облаци. Облачно небо.

облачина | ж.

Облак.

облачи се | несв.

Се покрие со облаци, се наоблачи. Надвор се облачи.

облачиште | ср.

Аугументатив од облак.