облега | несв.
облегалка | ж.
Дел од мебел што служи за потпирање при седење; потпирач. Се навали на облегалката од фотелјата. Купив столови со плетени облегалки.
облегало | ср.
облегне | св.
Стави, постави нешто така што да добие стабилност, сигурност; опре, навали нешто на друго нешто. Го облегна грбот на дрвото.
обледи | св.
Стане блед, изгуби боја; изгуби руменило на лицето. Тој обледи од бес.
облее | св.
Полее со многу течност по целата површина; пролее, истури многу течност врз нешто. Дождот ја облеа сувата трева. Го облеа чаршафот со вино.
облека | ж.
Сето она што човекот го облекува за да се заштити од надворешните влијанија или заради естетски и др. потреби. Детска облека. Долна облека. Цивилна облека. Невестинска облека. Тој не носи стари чевли и облеки.
облекло | ср.
Војничко облекло. Летно облекло.
облекува | несв.
облепи | св.
Покрие, премачка нешто со леплива материја. Тој ја облепи колибата со кал измешана со слама. Калемот на дрвцето го облепи со восок.