облагне | св.

Стане блажникав. Грозјето облагнало малку.

облагороди | св.

Направи некој да стане поблагороден, подобар во морален поглед. Мајчинството ја облагороди нејзината душа. Таа ја облагороди неговата личност.

облажи | св.

Направи нешто да биде благо; заслади. Тој ја згреа ракијата и ја облажи со едно лажиче шеќер.

облази | св.

Остави траги, црвенило (обично од некаков инсект). Имаш црвени траги по грбот, сигурно те облазила гасеница. Пајак ми ја облази ногата.

облак 1 | м.

Згустена водна пареа во атмосферата што предизвикува врнежи. Градоносен облак. Темни облаци. Сонцето се скри зад облаците.

облак 2 | м.

Штица што се наоѓа на предниот дел од самарот. Ортомата ја заврза за облакот од самарот.

облака | несв.

облакти се | св.

Се потпре со лактите на нешто. Тој се облакти на масата.