обљуба | ж.
Насилен полов акт; силување.
обљуби | св.
Изврши обљуба.
обмириса | св.
Опфати, исполни со мирис. Собата беше обмирисана од дуњи.
обмислен | прид.
Што е претходно добро, внимателно разгледан, проучен, анализиран. Обмислен говор. Обмислено решение.
обмисли | св.
Промисли, размисли опстојно, задлабочено во врска со некаков проблем. Тој убаво обмисли што треба да каже. Адвокатот обмисли како ќе ја води постапката. Непријателот го обмисли планот за напад.
обнадежи | св.
Даде, влее надеж некому, охрабри некого. Веста што ја слушна го обнадежи. Твоите зборови ме обнадежија.
обнароди | св.
Јавно објави, публикува нешто. Манифестот е обнароден неколку дена пред востанието.
обнесува се | несв.
обниже | св.
Наниже по рабовите или околу нешто. Девојката ја обнижа шамијата со мониста.
обнова | ж.
Враќање, доведување на нешто старо, разурнато во поранешната состојба; обновување. Обнова на земјата. Обнова на старите куќи.