обнови | св.

Врати, доведе во поранешната состојба нешто старо, разурнато. Селаните го обновија разурнатиот манастир. Тој ја обнови старата куќа. Нашата фирма ќе ги обнови улиците во градот.

обновлив | прид.

Што може да се обнови. Обновлив процес. Обновлива идеја.

обновувач | м.

Тој што врши обнова, што обновува нешто. Обновувач на мировните преговори.

обноска | ж.

Начин на однесување, на држење, однос кон другите луѓе. Сите беа восхитени од нејзината обноска. Тој не се промени во обноските со луѓето.

обносува се | несв.

Се однесува, постапува на определен начин. Тој знае како да се обносува со сите.

обоа | ж.

Вид дрвен дувачки инструмент.

ободри | св.

Поттикне, охрабри некого. Мајката го ободри детето да издржи до крај.

ободрувачки | прид.

Што влева бодрост, храброст, што бодри, што ободрува. Ободрувачки зборови.