обоен | прид.

Што е со боја, што не е бел, безбоен. Обоена ограда. Обоена хартија. Обоени пијалаци.

обожава | несв.

Величи, почитува некого или нешто како Бог, божество. Египќаните го обожавале Сонцето.

обожавател | м.

Лице што обожава некого или нешто; љубител, приврзаник. Таен обожавател. Верни обожаватели. Обожавател на вино.

обожува | несв.

обои | св.

Стави боја, премачка нешто со боја; бојадиса. Сликарот ја обои сликата. Ја обои вратата со бела боја.

обоист | м.

Свирач на обоа.

обол | прид.

Што нема остри агли, рабови, што е заоблен, тркалезен. Обла глаголица. Облите врвови на планините. Обло дрво.

оболи | св.

Почне да боледува, се разболи. Ако не се преземат мерки, и другите ќе оболат.

обопштен | прид.

Што има општ карактер, што се однесува на нешто општо, заедничко. Обопштен став. Обопштени заклучоци.