обопшти | св.

Претстави, искаже нешто на ниво на општ заклучок, изнесе мислење така што да не се однесува на единечното, придаде на нешто пошироко, начелно, општо значење. Тој ги обопшти своите согледувања во текот на дискусијата.

обопштувачки | прид.

Што обопштува. Обопштувачка работа.

обор | м.

Заграден, непокриен простор во кој се чува крупен добиток. Ги пушти говедата од оборот.

обори | св.

Надвие некого во борење, собори, кутне. Нашиот борач брзо го обори противникот. Децата ме оборија на земја.

обоси (се) | св.

За добиток – остане без потков. Од долгиот и лош пат коњот (се) обоси.

обоснованост | ж.

Образложеност, мотивираност за нешто. Нема обоснованост за поднесеното барање.

обоснове | св.

Придружи нешто со докази и факти; аргументира, мотивира. Тој го обоснови тврдењето со проверени аргументи.

обособен | прид.

Што е изделен како посебен, самостоен. Обособена целина.

обособи се | св.

Се издели од нешто општо како посебен, самостоен дел или целина.