овчаров | прид.

Што му припаѓа на овчар.

овчарски | прид.

Што се однесува на овчар и на овчарство; што му припаѓа на овчар. Овчарски стап. Овчарско куче. Овчарска колиба.

овчарство | ср.

Занимање, работа на овчар. Го бидува само за овчарство.

овчарува | несв.

Се занимава со овчарство, работи како овчар. Тој почнал да овчарува уште како дете.

Овче Поле | ср.

Област во Македонија.

овчи | прид.

Што е добиен од овца. Овчо млеко. Овчо сирење. Овча кожа.

овчки | прид.

овчуринка | ж.

Имал стадо од дваесет овчуринки.

оган | м.

Запалена материја (дрва, јаглен и др.) која горејќи развива топлина, светлина и чад. Тој запали оган. Седнаа покрај огнот. Огнот брзо пламна. Огнот од цигарата му ги изгори прстите.