одблесок | м.

Одбиена светлина, отсјај. Сончев одблесок. Огнен одблесок. Сребрени одблесоци на роса.

одблизу | прил.

Од непосредна близина, од мало, блиско растојание; спрот: оддалеку. Го видов одблизу. Гласот се слушаше одблиску.

одбоен | прид.

Што одбива, што е во врска со одбивање. Одбоен став. Одбојна сила.

одбој | м.

Одбивање, одвраќање на нешто. Никој не настрада од одбојот на стрелите.

одбојка | ж.

Вид игра со топка во која две екипи, составени од по шест играчи, ја одбиваат топката со раце и ја префрлаат преку мрежата оптегната на средината на теренот.

одбојкар | м.

Тој што игра одбојка. Млади одбојкари.

одбојкарски | прид.

Што се однесува на одбојка и на одбојкар. Одбојкарски турнир. Одбојкарски дресови.

одбојник | м.

Најиздадениот преден и заден дел од автомобил што служи за заштита при удар.

одболедува | св.

Прележи некаква болест. Ја одболедува треската за неколку дена.

одбор | м.

Група од избрани или именувани лица која претставува некој орган на власта или правно тело со определени задолженија. Управен одбор. Извршен одбор. Месни одбори.