одвејува | несв.
одвели | св.
Одрече, отфрли, повлече даден збор. Штом така велиш, така нека биде, немој потоа да одвелиш.
одвери | св.
Оттргне од вера. Од вера ме одверивте, од род ме одродивте.
одвесла | св.
Се оддалечи, замине (со чун и сл.) веслајќи. Одвесла на другата страна од реката.
одвет | м.
Одговор. Тој никому одвет на даде.
одвети | св.
Одговори. Не сакаше ништо да одвети.
одветрум | прил.
Одеднаш, неочекувано. Одветрум му дошла болеста. Одветрум му дојде тешко на душата.
одвечер | прил.
Од претходната вечер, од вечерта спроти определен ден. Квасот требаше да биде замесен одвечер.
одвие | св.
Одвитка, развитка, отвори нешто завиено вадејќи му ја обвивката. Детето го одви подарокот. Тие го одвија пакетот уште на пошта.
одвик | ж.
Напуштање, губење навик / навика за нешто; одука; навика. За сѐ има навика и одвика