одвикне | св.
Натера некој да се откаже од некаква навика, одучи некого од нешто. Го одвикнав синот да јаде со отворена уста. Таа го одвикна мажот да излегува секоја вечер.
одвинти | св.
Отвори, одврти нешто стегнато со винт. Ги одвинти сите делови од машината.
одвитка | св.
Одмота, одвие, отвори нешто завиено, развитка; завитка. Го одвитка врзопот и од него извади парче леб и сирење. Тој го одвитка од вратот волненото шалче.
одвише | прил.
Прекумера, премногу; излишно.
одвишен | прид.
Прекумерен; што е над потребното; излишен.
одвлекува | несв.
одвлече | св.
Со влечење однесе нешто некаде, до определено место. Тој го одвлече сандакот во другиот агол на собата. Вреќите со брашно ги одвлековме во подрумот.
одвлечен | прид.
Што е апстрактен, нестварен. Одвлечена мисла. Одвлечени зборови.
одвлечка | св.
одвнатре | прил.
Од внатрешната страна, од внатрешноста на нешто; Одвнатре се слушна гласот на мајка му. Ја заклучи вратата одвнатре. Носеше кожено палто со волна одвнатре.