одбулчи (се) | св.
одбутне | св.
Оттурне некого или нешто. Тој го одбутна детето. Таа му ја одбутна раката.
одвај | прил.
едвај Одвај заспав синоќа. Одвај стоеше на нозе. Одвај чекореше.
одвар | м.
Течност добиена со варење или киснење на лековити растенија, билки. Одвар од матерка.
одвева | несв.
одведе | св.
Поведе, однесе некого од едно место на друго. Таа ги одведе гостите во гостинската соба. Заробениот војник го одведоа кај командантот. Тој го одведе добитокот на пасење.
одведнаш | прил.
одвее | св.
За ветар – дувне, однесе, разнесе нешто. Ветрот ги одвеа пожолтените лисја. Силниот ветар ми ја одвеа шапката. Бурата го одвеа малото кајче.
одвезе 1 | св.
Пренесе, однесе некого или нешто со возење. Тој ги одвезе децата на село со својот автомобил. Селаните го одвезоа добитокот со камиони на пазар во градот. Сеното го качија на приколката и го одвезоа до колибата.
одвезе 2 | св.
Отпара нешто навезено, развезе. Таа ја одвезе шарата од едната страна на чаршафот.