одгради 2 | св.
Открие гради некому. Лекарот го одгради повредениот за да му направи масажа на срцето.
одгризе | св.
Откине дел од нешто со гризнување. Детето изгладнето одгриза голем залак од топлиот леб. Кучето во една борба му го одгриза опашот на мачорот.
одгризок | м.
Парче од нешто што е скинато со каснување. Кучето држеше одгризок леб во устата.
одгрли | св.
Тргне, отстрани земја околу растение со која било загрлено; одгрне. Таа го одгрли цвеќето и виде дека коренот е сув.
одгрне | св.
а) Тргне, симне нешто со кое телото било загрнато. Таа го одгрна шалот и седна. б) Подотвори малку. Го одгрна вратничето и ѕирна да види што се случува.
оддава | несв.
оддаде.
оддаде | св.
Укаже, покаже чест, признание, почит. Народот секогаш знае да го оддаде заслуженото признание. Со едноминутно молчење им оддадоа почит на загинатите.
оддалеку | прил.
Од далечина, од големо растојание; одблизу. Тој ги позна уште оддалеку. Оддалеку се слуша лаење на кучиња.
оддалечен | прид.
Што се наоѓа далеку, што е на растојание. Оддалечено село. Оддалечени места.
оддалечи | св.
Премести нешто, однесе на поголемо растојание, зголеми растојание. Оддалечи ги сликите една од друга.