одглуми | св.
Одигра, претстави текст, ролја глумејќи. Тој совршено го одглуми ликот во филмот.
одговара | несв.
одговор | м.
Возвраќање, исказ што се дава на поставено прашање. Точен одговор. Краток одговор. Чекаше одговор. Духовити одговори.
одговорен | прид.
Што има, што носи одговорност за извршувањето на нешто. Тој е главен и одговорен уредник на весникот. Јас сум одговорен за редот овде. Одговорни работници.
одговори | св.
Даде одговор на поставено (усно или писмено) прашање. Ученикот одговори точно на сите прашања. Таа ништо не одговори. Старецот одговори со тажен глас.
одговорност | ж.
Обврска за совесно и добро извршување на примената должност, работа, задача со прифаќање да се одговара за лошото извршување, грешките, неуспехот во тоа. Морална одговорност. Политичка одговорност. Колективна одговорност. Не прифати никакви одговорности.
одголемо | прил.
Горделиво, надмено. Му одговори одголемо и со прекор во гласот.
одголи | св.
Симне облека, открие дел од телото; разголи. Ја одголи едната нога за да го покаже чевелот. Пациентот го одголи грбот.
одгоре | прил.
Од горе; одозгора. Тој го изгледа одгоре додолу.
одгради 1 | св.
Тргне ограда, разгради; Ги одградија дворовите и ги урнаа меѓите.