оддел | м.
Составен дел од организација, институција, установа; отсек. Хируршки оддел. Одделот за образование при Општината.
одделен | прид.
Што е посебен, изделен од нешто. Одделна куќарка. Цвеќињата ги чуваше во одделна просторија.
одделение | ср.
Составен дел од организација, институција, установа; оддел. Одделение за интензивна нега. Трауматолошко одделение.
оддели | св.
Издели нешто настрана од нешто друго или дел од целина. Му оддели една чинија од ручекот да касне кога ќе се врати.
одделне | св.
Отсече дел обично од дрвен предмет; Одделна од стапот за да го израмни.
одделно | прил.
Посебно, одделено; поединечно. Тројцата одеа одделно по патот и потоа секој тргна кон својата куќа без поздрав. Тие два збора се пишуваат секогаш одделно.
оддене | св.
Извлече нешто што било вденато во нешто; Случајно ја оддена иглата.
оддесно | прил.
На десната страна; Оддесно во дворот имаше куќарка за кучето. И оддесно и одлево од патеката имаше насадено цвеќиња.
оддив | м.
Одмор. Работеше без оддив. – Дај си малку оддив!
оддивка | ж.
Таа постојано работеше, немаше време за оддивка.