одземи | прил.
Од земја. Се појави одеднаш како одземи да никна. Ја удри тамбурата одземи.
одзив | м.
Звук што се добива како повратна реакција на звук испуштен во широко пространство на отворено, во природата или во голема празна просторија; одглас, ехо; одзивање. Се слушаа довикувања, а потоа одзиви од довикувањата. Далечен одзив. Одзив од чекори.
одзивало | и.
Во поговорката: Мое одзивало, туѓо подувало – некој се одзива наместо друг и настрадува поради тоа.
одзива се | несв.
одзове се | св.
одѕвива се | несв.
одѕвие се | св.
одѕвон | м.
Ехо од ѕвонлив звук. Далечен одѕвон. Одѕвони од камбаните.
одѕвони | св.
Испушти ѕвонлив звук; заѕвони. Се слушна тап удар а потоа одѕвони скршен прозорец. Лажицата одѕвони во тенџерето.
одѕив | м.