одобри | св.

Се согласи со нешто. Сите присутни го одобрија предлогот.

одоброволи | св.

Направи некој да има добро расположение; орасположи. Го одоброволија да соработува. Тој ја зазборува колку да ја одоброволи.

одобрувачки | прил.

Што покажува одобрување, што е знак на одобрување. Го погледна одобрувачки. Одобрувачки нишна со главата.

одовде | прил.

Од ова место, од местото на зборување. Одовде до поштата има петстотини метри. Одовде до таму има десет минути одење.

одоглави | св.

Извади, симне оглав. Го одоглави коњот и го пушти да пасе.

ододзади | прил.

одозгора | прил.

Од горната страна, на површината на нешто. Колачот се прелива одозгора со растопено чоколадо.

одоздола | прил.

Од долната страна, под нешто. Лебот се препекол одоздола. Пижамите ти се одоздола во торбата.

одоко | прил.

Приближно, оценето со поглед, неоценето на соодветен начин, неизмерено со соодветно средство за мерење. Имаше дваесет луѓе, одоко кажано. Одоко има десет килограми јаболка.

одоколу | прил.

Од сите страни; наоколу. Куќата одоколу беше оградена со борови. За миг се собраа луѓе одоколу.