одолее | св.

Издржи пред некој предизвик, совлада некој напор, напад, болест и сл. Таа иако беше на диета, не им одолеа на слатките. Старото дрво во дворот одолеа пред силното невреме.

одолжи | св.

Повеќе од очекуваното временски продолжи извршување на некоја работа; завлече, развлече; одложи повеќе пати. Студеното време ја одолжи вегетацијата.

одолив | прид.

На кој може да му се одолее. Одолив предизвик.

одомашен | прид.

Што е како домашен, што е приспособен на нова средина, на нов начин на живеење и сл. Одомашена мачка.

одомаши (се) | св.

Направи некој или нешто да стане домашно, да се приспособи, да се навикне на нова средина, на нов начин на живеење и сл. Го прифатија како член на семејството и го одомашија.

одоми | св.

Направи некој да има дом, куќа; закуќи. Родителите му купија стан, го одомија.

одонаде | прил.

одонде | прил.

Од онаа страна. Оди одонде, таму има помалку кал.

одошто | сврз.

отколку, откако. Во споредување, при избор на подобра можност. Подобро да си одам одошто да седам и да гледам како се урива сè. Попаметно е да работиш одошто да мислиш постојано на девојката.