боливач | м.

Едногодишна лековита билка со ситен бел цвет и пријатна миризба, камилица; Matricaria chamomilla. Низ тревата се белееја малите главички на боливачот.

Боливија | ж.

Држава во Јужна Америка.

болид | м.

Голем метеор што паѓа на земјата во вид на сјајна топка видлива и дење.

болка | ж.

Чувство предизвикано од болест, од телесно и духовно патење. Острата болка во градите го кинеше. Почувствува остра болка што се ширеше по телото.

болникав | прид.

Што се разболува често, што има слабо здравје. Жената излезе мрзлива и болникава.

болница | ж.

Установа за сместување и стручно лекување на болни. Душевна болница. Детска болница. Полска болница. Тој лежеше во болница три месеци.

болничар | м.

Човек што работи околу болните во болница; што се грижи за болен.

болничен | прид.

болнички | прид.

Што се однесува на болница. Болнички мантил. Болничка соба.

Болоња | ж.

Град во Италија.