боравица | ж.

Мешаница. Во таа боравица не се знаеше кој јаде, кој пие.

боракс | м.

Натриумова сол на борот, хемиско соединение што се употребува во домаќинството и индустријата.

боранија | ж.

(бот.) Вид зеленчук, зелен, млад грав во мешунка; Phaseolus vulgaris L. Стаса боранијата во зеленчуковите градини

борач | м.

Спортист што се занимава со борење. Борач во грчко-римски стил.

борачки | прид.

Што се однесува на борач. Борачки спорт. Борачка вештина.

борба | ж.

Упорно дејствување, умствен и физички напор за совладување на некакви пречки, за постигање определена цел. Борба за мир. Борба за рамноправност. Борба за зголемување на производството. Борба со природната стихија. Политичка борба.

борбен | прид.

Што е готов, што има желба да се бори.

бордел | м.

Јавна куќа.

бордеро | ср.

Листа, извод, сметка што се издава со одредена намена. Во менувачницата ми дадоа бордеро за разменетите девизи.