братовина | ж.

Братов имот, оставина на брат. Тоа ми е братовина.

братоубиец | м.

Тој што го убива својот брат, својот близок. Во свеста на потенцијалниот братоубиец егзистира само една единствена стварност ‒ стварноста на веќе сторениот грев, оттука и појавата на силно каење.

братоубиствен | прид.

Што се однесува на убиство на својот брат, воопшто близок, од ист род, народ. Братоубиствена војна.

братоубиство | ср.

Убиство на својот брат.

братски | прид.

Што се однесува на брат, што е својствен на брат. Само благодарение на големата братска љубов се поделија без кавга.

братство | ср.

Однос меѓу браќа и меѓу браќа и сестри; братски однос меѓу пријатели, големо пријателство.

братучед | м.

Роднина по мајка или по татко, син на чичко, вујко или на тетка.

братучеда | ж.

Роднина по мајка или по татко, ќерка на чичко, вујко или на тетка. Таа ми е мене прва братучеда. Бев кај една братучетка на гости

брачен | прид.

Што се однесува на брак. Брачна двојка. Брачната постела. Брачен другар.