браноса | св.
Поминува со брана преку орана нива. Тој вчера ја браноса нивата.
бранува | несв.
Предизвикува бранови на голема водна површина. Југот го брануваше езерото.
бранша | ж.
Гранка во некоја дејност: во трговијата, занаетчиството, индустријата; струка. Луѓето од нашата бранша не дејствуваат на тој начин.
браон | прид.
Кафена боја, нешто што е во кафена боја. Браон палто.
брат | м.
Син во однос на друго или на другите деца од исти родители. Имав јас двајца браќа и една сестра. Постариот брат беше висок и убав човек.
братими се | несв.
Станува брат некому, се зближува како брат. Тие се братимеа (еден со друг). Нашите две семејства се братимеа пред две години.
Братислава | ж.
Главен град на Словачка.
братија | ж.
Монашка заедница на еден манастир.
братко | м.
Хипокорисник од брат, при обраќање кон брат, другар. Пеј ми братко за чаршијата, / за онаа ‒ старата скопска чаршија.
братов | прид.
Што се однесува, што му припаѓа на брат