бренди | ср.
Вид ракија, жесток пијалак. Келнерот ги послужи со бренди.
бреслика | ж.
Млад брест. Селаните сечеа смреки и бреслики.
брест | м.
Листопадно шумско дрво; Ulmus. Меѓу нив, по личнотија двои еден млад брест.
брестов | прид.
Што е од брест. Брестова шума. Брестови гранки.
Бретања | ж.
Област во Франција.
бреца | несв.
Пецка, навредува, префрлува нешто некому.
брецлив | прид.
Навредлив, што бреца. Брецливи зборови.
брецне (се) | св.
Пецне, навреди некого, префрли нешто некому. Тој сака да брецне.
бреј | изв.
брз | прид.
Што во кусо време поминува поголемо растојание. Брзата вода им ги режеше нозете. Најбрзото дете ќе добие награда.