пургативен | прид.

Што се користи како пургатив. Пургативно дејство.

пурде | ср.

Некрстено машко дете.

пури | несв.

Испушта пареа, испарува. Казаните пурат со пилешка чорба.

пуризам | м.

Стремеж кон чистење на јазикот од туѓи елементи.

пурист | м.

Лице што се залага за беспрекорна чистота во јазикот.

пуританец | м.

(истор.) Припадник на пуританизмот.

пуританизам | м.

Протестантско-реформистичко движење што се развило во Англиканската црква, во XVI век, со цел да ги отстрани од неа римокатоличките примеси; пуританство.

пуританство | ср.

пуританизам.

пурпур | м.

Виолетовосина боја што се добива од морски ракчиња, денес по хемиски пат.

пурпурен | прид.

Што се однесува на пурпур. Пурпурна наметка.